Општина Велес стартува со проектот „Грижа за стари лица"

Општина Велес денес стартува со проектот Грижа за стари лица во домашни услови. Проектот на Општина Велес за разлика од оној што го реализираше Австрискиот црвен крст е проширен и дополнет со друг вид услуги. Покрај стандардните услуги што и понатаму ќе ги даваат медицински сестри: мерење притисок и шеќер на старите лица, контактите со матичните лекари и контрола на примањето на утврдената терапија, Општина Велес ангажираше и геронто-домакинки што на старите лица ќе им помагаат во извршување на основните домашни работи.