Депонија на езерото Младост по отстранувањето на камп-приколките
Камп-приколките кои нелегално беа поставени на Езерото Младост во најголем дел се отстранети. Остануваат уште неколку за кои доколку не се пријават сопствениците, истите ќе бидат остранети од страна на локалната самоуправа. Она што разочарува е големата депонија која е оставена по преместувањето на камповите. На целиот простор се забележуваат разни градежни материјали и отпаден шут, кои не оставаат пријатна слика на оваа туристичка локација. Токму поради таа причина, Општина Велес во наредниот период е примирана за расчитување на просторот и негово доведување во една нормална состојба.