Реакција на пресконференција на СДСМ од 12.11.2013 година

Во период кога СДСМ беше на власт во Општина Велес, програма за ЛЕР не постоеше. Залагањата на оваа локална власт за ЛЕР се конкретни и забележителни. И тоа, како во делот на уредување на новата индустриска зона Караслари, така и во однос на создавањето на инфраструктурни услови во постојните УЗУС и Речани. Поддршката на економскиот развој не изостанува и во рамките на останатите програми за работа на општината од каде што се издвојуваат средства за дополнителен развој.

Инаку само за компарација во цела 2008 година за локален економски развој реализирани се 221 илјади денари. Оваа 2013 година заклучно со третиот квартал во Општина Велес потрошени се 1.7 милиони денари или 7 пати повеќе средства од оние што СДСМ ги одвојувале за ЛЕР. За СДСМ веројатно не бил приоритет и Развојот на туризмот бидејќи во 2008 година се немаат ниту предвидено ниту потрошено средства од буџетот за туризмот во градот. Ова се фактите кои СДСМ треба да ги има предвид пред нивните настапи во јавноста. Само на тој начин ќе се избегне создавање на погрешна перцепција кај граѓаните и нивно манипулирање.

Со почит,
Општина Велес