Улицата Киро Чауле во УЗ Керамидна предадена во употреба
Уредувањето на улицата Киро Чауле во УЗ Керамидна заврши. Целата предвидена траса од 150 метри изминатите денови беше пробиена, тампонирана а потоа беше извршено и бетонирање на улицата. Денес (14.11.2013) и официјално градоначалникот Славчо Чадиев и претседателот на Советот Александар Колев ја пуштија во употреба. Со тамошните жители, кои отстапија дел од нивните дворови за да се направи улицата, поразговаа за изработката. Градежните работи Општина Велес ја чинеа 500 000 денари. Градоначалникот при денешната посета истакна дека е задоволен од изработката на улицата. „Фирмата изведувач ги заврши градежните работи за 10-тина дена. Одсега овдешните жители нема повеќе да газат во кал како досега“. – истакна градоначалникот Славчо Чадиев.
Инаку улицата Киро Чауле се направи по барање на граѓаните. Тоа е доказ дела локалната самоуправа има разбирање на проблемите. Од страна на претседателот на Советот, Александар Колев беше напоменато дека оваа пракса ќе продолжи и понатаму. За наредната година плановите се во УЗ Керамидна да се прават уште две улици. -„Улицата се направи благодарение на одлуката на Советот. Тоа е доказ дека ние како локална самоуправа излегуваме во пресрет на барањата на граѓаните. Тоа ќе продолжи и во иднина“, рече претседателот Колев. Доколку временските прилики дозволат, Општина Велес има намера да продолжи со граджните зафати и во наредниот период.