Општина Велес со грижа за старите лица во домашни услови
Денес на првиот ден од Неделата за грижа на стари лица стартува проектот на Општина Велес за грижа на стари лица во домашни услови. Проектот на општината за разлика од оној што го реализираше Австрискиот црвен крст е проширен и дополнет со друг вид услуги. Кај првиот корисник на овие услуги денес во посета беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој изрази огромно задоволство што овој проект ќе се спроведува и понатаму.
Покрај стандардните услуги што и понатаму ќе ги даваат медицински сестри: мерење притисок и шеќер на старите лица, контактите со матичните лекари и контрола на примањето на утврдената терапија, ангажирани се и геронто-домакинки што на старите лица ќе им помагаат во извршување на основните домашни работи. Општина Велес и во иднина ќе посветува значително внимание на полето на социјалната заштита, нудејќи проекти и услуги со кои ќе се подобруваат условите за живеење на сите категории на граѓани.