Поплочување на скали на улицата Димитар Влахов
Овие денови се врши поплочување со бетонски елементи на скали кои се наоѓаат на улицата Димитар Влахов. Со реализацијата на овој градежен зафат им се излегува во пресрет на потребите на граѓаните кои секојдневно се движат во овој дел на градот. Средствата за оваа намена се предвидено во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2013 година а истите ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Велес.