ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЛАВЧО ЧАДИЕВ НА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈА ОДГОВОРИ НА КРИТИКИТЕ НА СДСМ ОКОЛУ ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Почитувани новинари
 
За да не останат граѓаните посиромашни за вистината, уште еднаш ќе направиме споредба со работењето на општината во време кога СДСМ беше на власт:

 

• Овогодинешниот буџет на Општина Велес е највисоко планиран и реалзиран буџет и на приходната и на расходната страна, што значи и најмногу средства ставени на располагање за потребите на граѓаните
• Во 2008 година капиталните приходи, даночните приходи и капиталните расходи се реализирани со 69% за цела 2008 година, со направени 3 ребаланси на буџетот и намален фискален капацитет на општината.
• Во 2008 година 12,7 милиони денари потрошени др за купување на возила како капитален расход, додека во 2013 година како капитални расходи се реконструкција на градски стадиони, изградба на мост на битолска пруга, реконструкција и изградба на повеќе од 30 улици, реализирани повеќе од 100 проекти за период од 6 месеци на активна работа
• Даночните приходи во 2008 година изнесувале 71,9 милиони, а денес во 2013 година тие се 152 милиони или 2 пати поголеми.
• Капитални приходи во касата на Општина Велес во 2008 година биле на висина од 17,1 милион. Во 2013 година тие се 38,2 милиони или повеќе од двојно поголеми..
• Приходите од даноци на имот во 2008 година – 26 милиони. Во 2013 изнесуваат 56,4 милиони.
• Во 2008 година СДСМ носи програма за уредување на градежно земјиште во износ од 85 милиони денари. Оваа програма во 2013 тежи 166 милиони денари што би значело дека истата е зголемена за 100%, односно на граѓаните на Општина Велес во 2013 година им стојат на располагање 2 пати повеќе средства за поправка на улици, за одржување на зеленилото во градот, за реконструкција на водоводната и канализациона мрежа.
• Во 2008 година општината на чело со ниту планирала ниту реализирала Програми за изградба на системи за водоснабдување, за одведување и пречистување на отпадни води, како и за снабдување со вода. Снабдувањето со вода веројатно не било приоритет за СДСМ бидејќи во буџетот за 2008 година не ни биле предвидени средства за овие потреби на граѓаните, исто како што и не бил приоритет Развојот на туризмот бидејќи во 2008 година се немаат ниту предвидено ниту потрошено средства од буџетот за туризмот во градот.
• За Одржување на урбана опрема во цела 2008 година реализирани се само 167 илјади денари. Во 2013 година за само 6 месеци активна градежна сезона реализацијата на оваа програма заклучно со септември изнесува 546 илјади денари, значи скоро 4 пати повеќе.
• За Одржување и заштита на локални патишта, улици во цела 2008 година реализирани се 2,6 милиони денари. Во 2013 година овој износ досега изнесува 7,4 милиони денари
• За одржување и користење на паркови и зеленило во 2008 потрошени се 2,4 милиони денари. Во 2013 година досега оваа бројка изнесува 5.35 милиони денари заклуно со месец септември.
• Кога сме кај поддршката на локалниот економски развој. Паралелата е оваа: во цела 2008 година реализирани се 221 илјади денари и тоа за договорни услуги. Оваа 2013 година заклучно со третиот квартал потрошени се 1.7 милиони денари.
• За изградба за простори за паркирање во 2008 година, општината не потрошила ниту денар. Во 2013 година оваа ставка е реализирана во висина на 1.000.000 денари.
• За спорт и рекреација за цела 2008 година потрошени се 1,9 милиони денари. Во 2013 година досега реализирани се 2,3 милиони денари.

Почитувани сограѓани ова е вистината која СДСМ преку своите пресконференции се обидува да ја сокрие. Но ако сето тоа вешто го прикриваат, неможат да ги прикријат повеќето од 100 реализирани проекти во Општина Велес кои се реализирани после локалните избори и за кои граѓаните се сведоци:

• Ја оформивме индустриската зона во Караслари. Обезбедено е водоснабдување а се работи и на доводот на електрична енергија. Таа е подготвена за новиот инвеститор. Планираме оформување и на две нови индустриски зони, Мамутчево и Речани 2.
• За првпат досега после изградбата на градскиот стадион, отпочната е неговата реконструкција. Се заменува тревната површина со нова висококвалитетна. Целиот стадион ќе добие нов лик.
• Го завршивме асфалтирањето на патот до с. Ораовец. Работиме на реконструкција на патот до с. Иванковци. На пролет идната година ќе биде комплетно завршен.
• Комплетно ги реконструираме Гимназијата Кочо Рацин и ОУ Св. Кирил и Методиј. Денес започнува поставувањето на нова фасада во гимназијата и замена на кровната конструкција во Св. Кирил и Методиј. Ги реконструиравме топловодните системи во неколку училишта во градот.
• Техничко-технолошкиот факултет во Велес доби нови современи простории во поранешниот објект на хотелот Вила Зора во Велес.
• Го добивме во сопственост поранешниот Офицерскиот дом. Вршиме комплетна реконструкција на просторот кој ќе претставува нов парк во склоп на идната Градска куќа.
• Го изградивме Паркот на пријателството и неколку други паркови ширум градот.
• На Денот на ослободувањето на Велес ставивме камен темелник на пешачкиот надвозник кој ќе ги поврзува улицата Кумановска кај Жаба Зграда со улицата Методија Андонов Ченто во близина на општинската зграда.
• Финишираат работите за поврзување на Езерото Младост и околните села со градскиот водоснабдителен систем. Проект вреден 42.000.000 евра.
• Изградена е водоводна и канализациона мрежа во индустриската зона УЗУС.
• Реконструиравме и уредивме повеќе од 30 тина улици во градот.
• На неколку локации во градот уредивме спортски игралишта.
• Добивме два многу значајни сертификати: Општина Велес е општина со поволно деловно окружување во Југоисточна Европа. Поседуваме и сертификат за безбедност со информации.
• Ја организиравме најуспешната питијада досега. Велес беше домаќин на 20 тина илјади луге од целата држава. Целата манифестација се спроведе без ниту еден инцидент.
 
Општина Велес тука нема да застене. Ќе продолжи да работи со ист интензитет, со исто темпо во напорите за содавање на подобри услови за живот на сите граѓани.
 
Ви благодарам!