Во Велес отворен Клуб за стари лица
Денот на општината 9-ти ноември беше искористен за јавно промовирање на уште еден значаен проект од социјалната сфера. Станува збор за проектот „Клуб за стари лица“ чија реализација овозможи уредување и опремување на наменски простории за старите лица како и опремување на амбуланта за рутински медицински прегледи.
Со реализацијата на проектот што го спроведе здружението на граѓани Иницијатива за социјална поддршка со помош на Светска Банка, најстарите граѓани на Велес ќе имаат можност за пристап до комјутерската технологија и пополнување на своето слободно време со низа активности и содржини.
Клубот на стари лица е лоциран во објектот Дом на пензионери на улицата „Алексо Демниевски-Бауман“.