РЕАКЦИЈА НА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈА НА СДСМ: ВЕЛЕС Е КУЛТУРНА РИЗНИЦА НА МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ

Велес е културна ризница на Македонија и Балканот и благодарејќи на напорите на Општина Велес и хетерогената културна понуда, успеавме да го оправдаме пред Европа и светот овој предзнак на кој сме горди ние, а убедени сме ќе бидат горди и идните генерации. Затоа не случајно Велес е седиште на градови на Македонија со архитектонско наследство, не случајно во Велес се гради најубавата театарска зграда во Македонија, неслучајно во Велес се реализираат единствените проекти на етно работилници, сликарско-копаничарска колонија, Рацинови средби, Детски рацинови средби, Меѓународниот фолклорен фестивал итн.

Се разбира не случајно општината е и основач на ИФАД „Стоби“, пред се затоа што ги има креаторите, уметниците, создавачите на трајни вредности во сите области и пред се во театарската уметност. Фестивалот Стоби постои 12 години. Во овој период имал и помалку и повеќе фестивалски вечери, и помалку и повеќе странски гости, но секогаш имал висок квалитет и огромен број посетители. Квантитетот не секогаш е мерило за квалитетот на еден настан. А зголемувањето на бројот на учесници на ИФАД за сметка на преполовување на буџетот на Рацинови средби, Папрадишки мајстори, ИФФ и целосно бришење на буџетот на Топол културен бран е апсурд. Токму ваков апсурд беше понуден со амандманот на опозицијата.
 
Што се однесува со алудирањето и наведувањето на јавноста да добие погрешна претстава за односот на општината кон државните празници мора да се знае дека за празникот 11 Октомри, носител на обележувањето е ОО на СЗБ од НОВ од Велес затоа што овој Ден на востанието на македонскиот народ воедно е и Ден на борецот и Општина Велес покрај утврдените 10.000 денари во Програмата за култура одделува средства и во Програмата за обележување на настани и личности со која боречката организација аплицира во општината. Во оваа Програма не е застапен 23 Октомври и затоа се предвидуваат 40.000 денари. Кога ќе се гледаат во целос овие две програми за 11 Октомври се одделуваат од Буџетот 50.000 денари, а за 23 Октомври 40.000.
 
Впрочем за културата и во 2014 година за култура се предвидуваат 10.900.000 денари што само го потврдува нашиот сериозен однос кон културата во градот.
 

Со почит,
Општина Велес