Гимназијата Кочо Рацин е пример за меѓуетничка интеграција

На 20.11.2013 во Oпштина Велес се изврши презентација на резултатите од активностите на „Гимназијата Кочо Рацин“ во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Како краен резултат од креативните работилници беше изведена заврша приредба која учесниците ја подготвија заедно со своите професори. Пред приредбата беше организирана и дебата по методологијата „Форум театар” на која беа поканети ученици од повеќе средни училишта од Велес.

Во рамките на активноста свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев кој истана дека е особено задоволен што како општина заедно со средното училиште Кочо Рацин е домаќин на еден ваков настан. „Ние како општина даваме постојана поддршка на сите проектни активности кои имаат за цел да ја зајакнат меѓуетничката кохезија и да ги промовираат вредностите на интеркултурата во училиштата”. – истакна градоначалникот Чадиев.

Четиригодишниот проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието работи на зголемување на разбирањето кај пошироката јавност за придобивките за сите граѓани што ќе произлезат од интегрирањето на образовниот систем во Р. Македонија. Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието работи на создавање на политичка, социјална и економска клима потребна за Македонија да постигне одржлива интеретничка интеграција во училиштата, во останатите образовни институции, па и во целото општество. Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието ќе се реализира до 2015 година.