РЕАКЦИЈА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС НА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈА НА СДСМ: ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА СВОЈ ПРИОРИТЕТ ГО ИМА РАЗВОЈОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА СТАБИЛНА ИДНИНА НА НАШИОТ ГРАД
Програмата за активностите во областа на образованието за 2014 година е одраз на посветеноста на Општина Велес во развојот на образованието, т.е продолжување на веќе започнатите капитални инвестиции во оваа област. Колку и да се сака да се обвини Општината дека го запоставува образованието, нема да биде возможно затоа што само на почетокот на учебната 2013/14 година во 3 основни училишта се работи на реконструкција на системите за топловодно греење, во Гимназијата и ОССУ „Димитрија Чуповски“ целосно се реконструираше котларницата и се замени парниот котел со нов, се заменија прозорите и кровната конструкција, а во монентов се работи на фасадата и подовите во училниците. Исто така се реконструираше ООУ „Св. Кирил и Методиј“, во с. Сливник се изгради нов санитарен јазол, во ООУ „Васил Главинов“ се изгради WC за инвалиди. Распишан е и тендер за нов котел за парно греење во ООУ Блаже Конески. Не ги наведуваме работите извршени во претходниот период. Во истовреме создадовме услови за отпочнување со работа на универзитетскиот кампус во поранешниот хотел „Вила Зора“.
Амандманите на опозицијата предвидуваа симнување средства од позицијата за реконструкција на училиштата, што во никој случај не оди во прилог на развој на образованието затоа што основна задача на општината е создавањето оптимални услови за негово функционирање.
Што се однесува до Стратегијата за развој на образованието на сите училишта и на опозицијата добро им е познато дека Здружението за педагози и психолози чиј тогашен претседател беше Асен Прличков, реализираше проект финансиран од Советот на Општина Велес на кој краен продукт беше Стратегија за развој на образованието. До денес ваков документ до Советот не е доставен.
Обезбедувањето на училишните објекти ќе стартува во второто полугодие. Во моментов се подготвува тендерската документација.
Општина Велес и понатаму за свој приоритет ќе го има развојот на образованието како предуслов за стабилна иднина на нашиот град.
Со почит,
Општина Велес