Реконструкцијата на Гимназијата се врши со полн интензитет

Овие денови интензивно се работи на предвидената реконструкција на „Гимназијата Кочо Рацин” и ССОУ „Димитрија Чуповски”. Со овој проект планирано е поставување на нова фасадата која ќе биде енергетска ефикасна. Исто така при реконструкцијата ќе се замени и подната конструкција со современ висококвалитетен под. Целиот проект чини вкупно 9.000.000 денари. Средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија и од Банката за развој при Советот на Европа.