Вратен сјајот на старата велешка архитектура

ImageВо рамките на одбележувањето на Денот на Општина Велес, свечено беа предадени во употреба реконструираните  куќи на Џинот и Касапови. Со свеченото предавање во употреба на куќите реконструирани со поддршка на проектот „Развој на општините и културата“ на Министерството за култура и Светска Банка, во Велес се врати сјајот на непроценливото архитектонско наследство.

„Потребно е многу работа пред се во менување на односот на граѓаните кон ова осетливо богатство, кое не може да се затвори во сеф и да се покажува по потреба, кон ова богатство кое само ако се користи секојдневно ќе биде вредно„, рече меѓу другото градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски во неговото обраќање на свеченоста. За непроценливото значење на старата велешка архитектура и проектите за заштита на културното наследство реализирани во Велес, говореше Ана Ефремова, директор на Единицата за координација на проектот „Развој на општините и културата“ која куќите на Џинот и Касапови ги предаде во употреба.
 
Image 
 
Со оглед на автентичниот екстериер и ентериер на куќите кои сами по себе се израз на најголемите културни вредности на Велес, Општина Велес работи на подготовка на план за содржини што во куќите ќе го вратат животот и ќе ги претворат во седишта на значајни културни настани.
 
Image