Пожар во училиштето во Отовица. Градоначалникот на лице место
Вчера (22.11.2013) година новата зграда на подрачното основно училиште во населбата Отовица ја зафати пожар. Пламенот ја опожари едната страна на објектот, кој беше изграден пред една година.Истрагата ќе го даде одговорот која е причината за избувнување на пожар во модуларната училишна зграда во село Отовица.Среќа во несреќа е што во моментот на избувнување на пламените јазли наставата била завршена па во критичниот момент во училиштето немало ученици.
Брзата реакција на Противпожарната единица спречила можност пожарот да се прошири и да изгори целата зграда. На лице место веднаш по добивањето на информацијата училиштето го посети градоначалникот Славчо Чадиев кој најави дека заедно со Министерството за образоваание ќе го поправат опожарениот дел. Дотогаш од безбедносни причини учениците ќе учат во страта училишна зграда. Ова училиште е дел од ООУ Стојан Бурчевски Буридан од село Иванковци.