Во Велес се одржа манифестацијата „Пензионерите пеат”
Велес денес беше домаќини на учесниците на традиционалната манифестација ,,Пензионерите пеат,, што ја организира Сојузот на здружението на пензионери на Република Македонија. Пригодно обраќање пред присутните и учесниците имаше претседателот Драги Аргировски, а добредојде на сите учесници и пријатен престој во градот им посака градоначалникот на Oпштина Велес Славчо Чадиев.
Свој настап на денешната манифестација имаа хорови од повеќе здруженија на пензионери од Неготино, Кавадарци, Валандово, Богданци, Дојран, Битола, Прилеп, Гевгелија, Штип, и од градот домаќин Велес. На денешната манифестација која се одржува повеќе пати во годината доминираше убавата македонска народна песна, а свој настап пред публиката имаа околу 220 пензионери кои исполнија бројни македонски песни.