Посета на урбаните заедници „9-ти Ноември” и „Васа Кошулчева”

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев, претседателот на Советот, Александар Колев и пратеникот во македонското собрание, Ѓорѓи Коџабашиев, на 22.11.2013 година ги посетија урбаните заедници „9-ти Ноември” и „Васа Кошулчева” и остварија средба со граѓаните од овие делови на градот. Целта на овие средби е жителите да ги изнесат приоритетите и проблемите со кои тие се соочуваат но исто така и да се запознаат со проектите кои општината во иднина планира да ги реализира во урбаните и месни заедници, во рамките на програмите за работа на Општина Велес во 2014 година.

Ваквите средби се особено значајни за непосредната комуникација на жителите со локалната самоуправа. На овој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на оние проекти со кои директно се подобруваат условите за живеење на сите граѓани.