11 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПРОЕКТИ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Градоначалникот на Општина Велес, Слачво Чадиев денес (26.11.2013) на пресконференција ги презентираше трите проекти кои Општина Велес ги доби од вкупно 134 кои Владата ги доделува на 74 општини Програмата за рурален развој. Toj изрази особено задоволството што Општина Велес во рамките на оваа Програма доби поддршка за три проекти, што впрочем е и максимумот кој може да го добие една општина.

Проектите се следниве:

1. Изградба на улица во село Иванковци - 4.992.790.30 денари
 Проект за изградба на улица во центарот на селото, во должина од 720 м, со канал за прифаќање на атмосферските води.
2. Фекална канализација во населено место Раштани - 4.974.606.00 денари
 Основен проект за 1 дел од фекална канализација со анаеробна пречистителна станица за населено место Раштани.
3. Урбана опрема и осветлување на изградените патеки на езерото Младост - 1,222.108.95 денари
 Поставување на урбана опрема и осветлување на изградените патеки на езерото Младост.

Вкупната вредност на овие проекти изнесува преку 11.000.000 денари.

Градоначалникот Чадиев од името на Општина Велес уште еднаш изрази благодарност за вака големата поддршка што ја добиваме од Владата на РМ. Неодамна на истиот овој начин беше изграден и патот до с. Ораовец, проект во висина од 9.000.000 денари.

Оваа мерка на Владата на Република Македонија ја покажува намерата за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини, обнова и развој на селата и зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја. На овој начин директно помага во нашите заложби за создавање услови за рамномерен локален економски развој и развој на туризмот во Општина Велес.