Посета на урбани и месни заедници
Во рамките на посетите на урбаните и месните заедници, Градоначалникот на Општина Велес, м-р Славчо Чадиев заедно со повеќемина раководители на институции и одговорни службеници од локалната самоуправа, во изминатите два дена ги посетија месните заедници „Отовица” и ,, Башино село" и урбаните заедници „Богдан Каракостев” ,, Трајко Капчев " и ,,Шорка" и остварија средба со граѓаните од овие населени места. Целта на овие средби е граѓаните да ги отворат најбитните комунални теми и проблемите со кои тие се соочуваат во локалните заедници каде живеат. Од страна на градоначалникот жителите беа запознаени и со проектите кои општината во иднина планира да ги реализира во урбаните и месни заедници, во рамките на програмите за работа на Општина Велес во 2014 година.