Хуманитарна театарска претстава „Вообразен болен”

Учениците, членови на драмската секција при ССОУ „Димитрија Чуповски“ под менторство на професорката по македонски јазик и литература Љубинка Ртоска, репризно ја одиграа претставата „Вообразен болен“ од Молиер на 28.11.2013 во салата „Бели мугри“. Учесниците се презадоволни од покажаниот интерес на своите сограѓани за покажаната хуманост и приклучување кон акцијата да се помогне во собирањето средства за лекување на малиот Стојанче. Салата беше претесна да ја собере многубројната публика која ја сочинуваа не само ученици од училиштето туку и родители и останати хумани гледачи кои на нозе ја проследија претставата до самиот крај. Ограмна благодарност до посетителите, а искрени желби за успешно лекување на Стојанче.