Посета на урбаната заедница „Димче Мирчев”
Во рамките на посетите на урбаните и месните заедници, градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев и претседателот на Советот Александар Колев, заедно со повеќемина раководители на институции и одговорни службеници од локалната самоуправа на ден 28.11.2013 г. (четврток) ја посетија урбаната заедница „Димче Мирчев” и остварија средба со граѓаните од овој дел на градот.