Промоција на Програмата за заштита на потрошувачите
Во Општина Велес денес беше органирана промоција на Програмата за заштита на потрошувачите за наредните две години. Програмата, донесена од страна на Владата на Република Македонија пред присутните граѓани ја промовираа претставници од Организацијата на потрошувачите на Македонија, Министерството за економија и Агенцијата за храна. На промоцијата присутните имаа можност да се запознаат со активностите на планот на заштитата на потрошувачките права, да поставуваат прашања и даваат предлози. Промоцијата има за цел да ги зајакне врските на централната со локалната власт во доменот на заштитата на потрошувачите, интензивирање на соработката со инспекциските служби, како и подобра и поефикасна заштита на потрошувачите во сите области на локално ниво.
На средбата беа промовирани и брошурите за остварување на правата на потрошувачите при организираните туристички патувања, склучување на договори за потрошувачки кредити, како и начинот на препознавање на нечесната пазарна пракса.