Посета на урбаните заедници „Тунел”, „Керамидна” и „Мирка Гинева”
Во рамките на посетите на урбаните и месните заедници, градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев и претседателот на Советот Александар Колев, заедно со повеќемина раководители на институции и одговорни службеници од локалната самоуправа на ден 29.11.2013 г. (петок) ги посетија урбаните заедници „Тунел”, „Керамидна” и „Мирка Гинева” и остварија средба со граѓаните од овој дел на градот.