Посета на месните заедници „Сујаклари”, „Мамутчево” и „Иванковци”

Во рамките на посетите на урбаните и месните заедници, Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев заедно со повеќемина раководители на институции и одговорни службеници од локалната самоуправа, на ден 01.11.2013 година (недела) ги посетија месните заедници „Сујаклари”, „Мамутчево” и „Иванковци” и остварија средба со граѓаните од овие населени места. Целта на овие средби е граѓаните да ги отворат најбитните комунални теми и проблемите со кои тие се соочуваат во локалните заедници каде живеат. Од страна на градоначалникот жителите беа запознаени и со проектите кои општината во иднина планира да ги реализира во урбаните и месни заедници, во рамките на програмите за работа на Општина Велес во 2014 година.