Јавен Повик
Општина Велес ги повикува потенцијалните жени претприемачи за вклучување во проектот за децентрализација на УСАИД за развој на женското претпремништво.Проектот има за цел да се обучат 7 жени претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис. Обуките ќе се одвиваат во втората половина на месец ноември и почетокот на месец декември.
Обучените жени претприемачи со Одделението за ЛЕР и ИТ во иднина ќе продолжат со обука на други жени кои се заинтересирани да отпочнат свој бизнис.
Сите заинтересирани да достават:
- Писмо за интерес за вклучување во проектот и
- Потврда од Агенцијата за вработување , Центар за вработување Велес.
Документите за интерес за вклучување можат да се достават во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес до 17.11. 2006 најкасно до 15:00 часот, како и на адреса: Панко Брашнар бр. 1 Велес.
Сите дополнителни информации може да се добијат во Одделението за ЛЕР и ИТ на тел: 043/ 212 100 и 212 101.