Крпење на ударни дупки по градските сообраќајници

Општина Велес овие денови спроведува акција за крпење на ударните дупки на градските сообраќајници како подготовка за претстојната зима. Ќе бидат закрпени со асфалтна маса сите улици кои се од витална важност за нормално одвивање на сообраќајот, а исто така ќе бидат санирани и поголеми оштетувања на улиците. Средствата за градежните работи се обезбедени од Буџетот на Општина Велес.