Одбележан Денот на лицата со инвалидност

Трети декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност во Општина Велес беше одбележан со пригодни манифестации.  По тој повод во ПОУ „Маца Овчарова“ се одржа свеченост, на која пред присутните со свои творби и активности се претставија учениците на ова посебно училиште. На свеченоста присуствуваа и претставници на Амбасадата на Република Германија и Ротари клубот од Велес кои на училиштето му донираа опрема за осовременување на наставата. Корисниците на услугите на Дневниот центар за лица со посебни потреби во соработка со младите од Општинската организација на Црвениот крст во медиотеката на Локалната библиотека “Гоце Делчев“ пред присутните и родителите се претставија со рачно изработени експонати. Младите волонтери на Црвениот крст заедно со лицата со инвалидност ја реализираа и работилницата за креативни активности.