Ден на партнерства на Вардарскиот плански регион
На 03.12.2013 година во Неготино свечено беше предадедна во употреба Канцеларијата на заедничкото одделение за енергетска ефикасност на осумте општини од Вардарскиот плански регион и Информативниот центар за енергетска ефикасност на овој регион кои се лоцирани во просториите на Туристичко-информативниот центар Желкова куќа. На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Велес и претседател на Советот на Вардарскиот плански регион, Славчо Чадиев, кој истакна дека особоено задоволен што токму овој регион е првиот кој што го има на располаќање Оделението од овој карактер во Република Македонија, што пак дава додатна мотивација за докажување дека може да опстојува и да допринесува за целиот регион во областа на енергетската ефикасност.
Значењето на овој проект е огромен за јавните установи бидејќи Заедничкото одделение за Еенергетска ефикасност ќе биде способно за самостојна идентификација на потрошувачката на енергија, што ќе ја олесни работата на општините. Можевме да ја видиме специјализираната опрема за енергетска ефикасност, контрола и мерење на потрошувачката на електричната енергија која што веќе е донесена и вработените ќе можат веднаш да ги искористуваат нивните намени. Како директни корисници од реализацијата на овој проект ќе имаат општините од Вардарскиот регион, државните и јавните служби од општините, корисниците на јавните објекти и пошироката заедница.
Канцеларијата за енергетска ефикасност е целосно опремена со потребната ИТ опрема, а набавена е и специјализирана опрема за вршење на контрола и мерење на потрошувачката на енергија, за што УНДП издвои 15.000 долари.
Во рамките на одбележувањето на Денот на партнерства на Вардарскиот плански регион во Винаријата „Стоби” беше извршена и промоција на Мрежата за инклузивен развој. Формирањето на Мрежата за инклузивен развој на ВПР е заедничка иницијатива на Центарот за развој на ВПР и засегнатите страни од планскиот регион, а нејзиното формално воспоставување и почетно функционирање беше технички и финансиски потпомогнато од страна на Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во Скопје и 8 општини од регионот. Со создавањето на Мрежата се спроведува една од од клучните мерки за подршка на приватниот сектор и се придонесува за создавање на услови за развој на силна и конкурентна економија на ВПР. Преку активностите на мрежата се очекуваат поголеми можности за вработување и да се намали интензитетот на миграциите, преку јакнење на приватниот и граѓанскиот сектор. Мрежата ќе работи на зголемување на капацитетите за апсорпција на средства и извори на финансирање коишто преку Центарот за развој на ВПР ќе се канализираат во инвестиции на ниво на планскиот регион.