Јога-друштвото од Велес со благодарност до Градоначалникот Славчо Чадиев за досегашната поддршка и соработка

Претставници на Јога – друштвото од Велес по повод 20-години од нивното формирање и континуираната активност, денес на градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев, му изразија благодарност за досегашната поддршка и соработка. Низ 20-те години делување, Јога-друштво Велес ја промовира културата и знаењето за јога не само како древна и далечна дисциплина корисна за здравјето на човекот, туку и како интегрален дел на секојдневното живеење и во спрега со него.

 

Градоначалникот Чадиев се заблагодари на укажаната чест, истакнувајќи дека и понатаму општината ќе ги поддржува друштвата чие функционирање е од големо значење за граѓаните и за јавниот живот на градот, како што е случајот со Јога-друштвото.