10 години соработка со УНДП во борбата против корупцијата
Во рамките на одбележувањето на јубилејот 10 години од проектните активности на УНДП за борба против корупцијата, а во пресрет на 9-ти декември, Меѓународен ден за борба против корупцијата, на 5-ти декември годинава, во големата сала на Општина Велес се одржа трибина на тема „ Зајакнување на капацитетите за борба против корупцијата“. Во присуство на претставници на Советот на општината, судската власт, институциите, установите, НВО секторот и медиумите, Градоначалникот м-р Славчо Чадиев ги претстави заложбите на Општина Велес за транспарентност, одговорност и отчетност кон граѓаните.
„Нашата цел како општина која управува со јавните средства на граѓаните на Велес да имаме професионален кредибилитет, ефективност, ефикасност и клучна ориентација: граѓанинот на прво место“, рече меѓу другото Градоначалникот кој им го честиташе 9-ти декември на сите поединци и организации посветени на борбата против корупцијата. На трибината, присутните имаа можност да го видат спотот на УНДП за етичките стандарди во битката против корупцијата. Воедно, проследија презентација за интегрираниот менаџмент систем на Општина Велес и начинот на кој преку квалитетни услуги за граѓаните и примена на меѓународните стандарди општината придонесува во превенцијата и репресијата на корупцијата.