Јавна расправа за Нацрт-Буџетот на Општина Велес во 2014 година
Општина Велес денес организираше Јавна расправа за Нацрт-Буџетот на Општина Велес за 2014 година. Јавната расправа се одржа во големата сала на општината, со учество на преставници на месните и урбаните заедници, институциите и здруженијата на граѓани и фондации. На јавната расправа говореше Љупче Андреевски, раководител на одделението за финансирање и буџет кој го образложи целокупниот Нацрт-Буџет на Општина Велес за 2014 година.
288.895.000 денари или 38.11% се однесуваат на основниот буџет, 377.092.000 денари односно 49.75% на блок дотација, 62.217.400 денари или 8.2% на самофинансирачки активности, 400.000 денари се донации и 29.430.373 денари или 3.88% се заеми од долгорочно задолжување на Општина Велес.На јавната расправа присутните имаа можност да дадат свои предлози, забелешки и сугестии околу распределбата на буџетот во наредната година.