ПOМОШ ЗА СЕМЕЈСТВАТА ШТО ВО ПОЖАР ГО ИЗГУБИЈА ДОМОТ

На 4-ти декември изгоре семејната куќа на Калинови. Со брза интервенција на ТППЕ во тешко пристапните улици во месноста Дворови, пожарот беше изгаснат, но штетата за семејствата е ненадомествива. Општината Велес веднаш им додели еднократна помош во висина од 120.000 денари и тоа 90.000 со Решение од Советот на Општина Велес, а 30.000 од Градоначалникот. Оваа интервентна помош нема да биде и последна. По завршувањето на проценката на штетата семејствата ќе добијат соодветен надомест и од Комисијата за штети.