Честитки по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски
Почитувани сограѓани
Дозволете ми во мое лично име и во името на граѓаните на Општина Велес, на сите православни верници да им упатам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски. Важноста и големината на Свети Климент Охридски како основач на Охридската архиепископија и нејзин прв епископ, како основоположник на Охридската книжевна школа и како творец на кириличното писмо, е во обединувањето на светото и световното.
Чествувајќи го овој голем празник, да покажеме поголема мудрост и разбирање, промовирајќи ја љубовта, мирот, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста како темели на православието.
Нека ни е честит и вековит денешниот празник!
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес