Известување

Ве известувамке дека Управниот одбор на Фондацијата „Коле Неделковски“, Велес одржа редовна седница на ден 6.11.2006 година. Управниот одбор на Фондацијата „Коле Неделковски“, Велес во потполност ги разгледа доставените документи на 18 кандидати, од кои 8 за ученици средношколци и 10 за студенти и донесе Одлука за доделување на стипендии за талентирани ученици и студенти за учебната 2006/2007 година и тоа:

за талентирани ученици средношколци :
1.Мите Мијалков, ученик во 3-та година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје;
2.Сашко Крстевски,ученик во 4-та година во ССОУ „Коле Неделковски“- Велес и,
3.Игор Јаневски, ученик во 4-та година во ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес.

Висината на стипендијата за талентираните ученици изнесува 1.500,00 денари месечно, 9 (девет) месеци во текот на учебната 2006/2007 година.

за талентирани студенти:
1.Ѓорѓи Маџаров, студент на 9 –ти семестар на Електротехничкиот Факултет – Скопје;
2.Десанка Штерјовска, студент на 7-ми семестар Економскиот Факултет – Скопје
3.Анѓел Станоев, студент на 3-ти семестар на Електротехничкиот Факултет – Скопје и
4.Бошко Велковски, студент на 5-ти семестар на Економски Факултет- Скопје.

Висината на стипендијата за талентираните студенти изнесува 2.000,00 денари месечно, 9 (девет) месеци во текот на учебната 2006/2007 година.

Управниот одбор на Фондацијата „Коле Неделковски“- Велес, со секој од стипендијантите ќе склучи посебен договор во кој ќе бидат регулирани начинот на исплата на стипендијата како и другите права и обврски што стипендијантите ги имаат кон Фондацијата „ Коле Неделковски“ Велес.
                      
Претседател
на Управниот одбор на
Фондација „Коле Неделковски“ Велес
Панче Иванов