Германската компанија „Marquardt GmbH” отвора фабрика во Велес. Градоначалникот Славчо Чадиев, горд што е дел од историската пресвртница за градот
Почитувани сограѓани
Во периодот на предизборието, согласно Програмата со која ВМРО-ДПМНЕ излезе пред граѓаните на Велес, од страна на премиерот Никола Груевски беше дадено ветување дека германска компанија ќе инвестира во Велес и ќе вработи 600 лица. Ова ветување, од вчера е веќе реалност.
Во Владата на Република Македонија, од страна на Министерот за странски инвестиции Веле Самак, а во присуство на премиерот Никола Груевски, останати владини преставници и јас како градоначалник на Општина Велес, беше потпишан договорот со германската компанија „Маркард“, инвестиција вредна над 35 милион евра.
Компанијата која ќе биде сместена во новоформирана индустриска зона Караслари ќе произведува електронски продукции со висока технологија како составни делови за врвни германски брендови на автомобили. Во неа ќе бидат вработени околу 600 лица.
Производствениот погон ќе започне да се гради во првиот квартал на 2014 и ќе биде со површина од 15.000 метри квадратни. Изградбата се очекува да биде завршена во првиот квартал на 2015, по што ќе се започне со производство на автомобилските производи.
Инаку, германската групација „Маркард“ која е основана во 1925 година, досега има отворено компании во 9 земји ширум светот и во нив работат повеќе од 7.000 лица.
Почитувани сограѓани
Вложените напори на Општина Велес во изминатиов период за создавање на услови за странски инвестиции, вродија со плод. За исклучително краток период:
• Ја оформивме Индустриската зона Караслари.
• Го пренаменивме земјиштето од земјоделско во градежно.
• Создадовме инфраструктурни услови. Изградена е водоводна и канализациона мрежа. Обезбеден е довод на електрична енергија.
Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите оние кои помогнаа и несебично се вложија во активностите кои за краен резултат ја имаат новаата германска инвестиција во Велес.
Упатувам јавна благодарност до Владата на Република Македонија, премиерот Никола Груевски, министерот за странски инвестиции Веле Самак и останатите владини министри, како и до велешките пратеници во Собранието на Република Македонија.
Посебно им се заблагодарувам на Претседателот и членовите на Советот на Општина Велес, а особено на целокупната општинска администрација која го понесе најголемиот товар во целиот овој процес.
ето тоа е зад нас. Сите заедно треба да бидеме горди што сме дел од историската престврница за Велес. Велес заслужува да биде претворен во град лидер, во град гордост.
И како што многупати досега кажав: се што градиме и создаваме го правиме со цел Велес да биде по мерка на велешани. Да овозможиме во него да растат и да работаа граѓани што својата иднина и иднината на своите деца ќе ја градат тука, во Велес, во Македонија.
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес