Се реконструира основното училиште „Св. Кирил и Методиј”

Од минатата недела во ООУ „Св. Кирил и Методиј” започнаа градежните активности за реконструкција на училишната зграда. Со овој проект предвидено е поставување на нова кровна конструкција. Исто така при реконструкцијата ќе се замени и подната површина со нова изработена од висококвалитетен материјал, а предвидено е да се замени и дел од фасадата на зградата како и дел од старите прозори кои не се променети.  Средствата за овие зафати ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија и од Банката за развој при Советот на Европа. Истовремено, Општина Велес од свои извори ќе ја финансира реконструкцијата на топловодниот систем во училиштето.

 

Градоначалникот Славчо Чадиев, денес заедно со директорката Анита Мирчева, и професори од училиштето направија увид на градежните активности. Од страна на градоначалникот беше изразено задоволство од реализацијата на овој проект кој претставува исполнување на она што беше ветено во претходниот период. Намерата на Општината Велес во иднина ќе биде токму во насока на инвестирање и подбрување на квалитетот на целокупниот воспитно-обрзовен процес.