Словенечкиот амбасадор во работна посета на Општина Велес
Амбасадорот на Словенија Бранко Раковец вчера (16.12.2013) имаше работна посета на Општина Велес. На средбата, градоначалникот Славчо Чадиев го запозна Раковец со вкупните состојби во градот и напорите кои се вложуваат од страна на локалната самоуправа за подобрување на условите за живот на граѓаните. Двајцата соговорници на средбата ги разгледаа можностите за понатамошна соработка помеѓу Општина Велес и Амбасадата на Република Словенија. Пред словенечкиот амбасадор Бранко Раковец, од страна на градоначалникот Чадиев беа презентирани и тековните активности на општината, како и идните проекти што ќе бидат реализирани во 2014 година.