ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИИТЕ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 2013/2014 ГОДИНА

Врз основа деловникот и правилникот за работа на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти а согласно со Статутот на Општина Велес, Советот на 13-тата седница донесе: Одлука за избор на талентирани ученици и студенти кои ќе добијат стипендија за учебната 2013/2014 година. По доставениот извештај и предлозите врз основа на спореведениот конкурс од страна на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти, избрани се 8 ученици и 8 студенти кои ќе бидат стипендијанти на Општина Велес за оваа учебна година.

Претседателот на комисијата, доц. д-р Бошко Караџов денес на пресконференција заедно со заменик-градоначалникот Горан Јовиќ дадоа краток осврт на работата на Комисијата и одлуката на Советот, при што беа и соопштени добитниците на стипендиите.
 
Според критериумите за избор, за учебната 2013/2014 година стипендија ќе добиваат следните ученици:
 
1. Ирена Христова, III година, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“
2. Кристијан Милошевиќ, IV година, ОСУ „Јовче Тесличков“
3. Никола Танев, IV година, ССОУ „Коле Неделковски“
4. Игор Кузмановски, III година, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“
5. Љупче Петровски, III година, ССОУ „Димитрија Чуповски“
6. Тасева Емилија, IV година, ССОУ „Димитрија Чуповски“
7. Марија Ртоска, IV година, ССОУ „Димитрија Чуповски“
8. Бобан Ѓорѓиевски, III година, ССОУ „Коле Неделковски“
 
За студенти стипендиајнти за учебната 2013/2014 година се избираат :
 
1. Страхил Тодоров, Универзитет „Гоце Делчев“-Штип-медицински науки со просек на оцени 9.92
2. Лидија Лазовска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ дизајн и технологија на мебел-Скопје, просек на оцени 9.74.
3. Александра Тодорова, Универзитет „Гоце Делчев“-Штип-медицински науки, просек: 9.62.
4. Емилија Лазарова, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ филолошки факилтет-Скопје, просек: 9.50.
5. Елизабета Атанаскова, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ фармација-Скопје, просек на оцени: 9.25.
6. Александра Давитковска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ економски факултет-Скопје, просек на оцени: 9.28.
7. Исмаил Мирсада, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола тех.технолошки –Велес, просек 9.81.
8. Спасиќ Македонка, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола-факултет за безбедност, просек на оцени: 9.60.
 
Висината на стипендијата за талентираните ученици согласно оваа Одлука изнесува 1.500,00 денари месечно, 9 (девет) месеци во текот на учебната 2013/2014 година, додека за студентите овој износ е 2.000,00 денари. Средствата за оваа намена ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Велес, и истите ќе се исплатат на два дела и тоа првиот дел до крајот на оваа година, а вториот дел во првата половина од наредната година.
 
Со ова Општина Велес продолжува и понатаму во напорите за поттикнување, стимулирање и мотивирање на талентираните ученици за постигнување на солидни резултати и нивно вклучување во општествено-економскиоот живот и развој на општината.