Се монтира пешачкиот мост над битолската пруга
Денес (20.12.2013) од страна на стручните служби на фирмата изведувач ФЗЦ 11 Октомври а.д. од Куманово беше поставена металната конструкција на новиот пешачки мост кој ќе ги поврзува улиците Методија Андонов Ченто и Тодор Христов Офицерчето. Градоначалникот Славчо Чадиев и претседателот на Советот Александар Колев, кои од лице место го следеа текот на изведувањето на градежните работи, изразија задоволство од досегашниот начин и интензитет на работа. Овој мост по неговата изградба која се очекува да биде наскоро, значително ќе го намали потребното време за пристигнување на граѓаните до општината, институциите и до своите домови. Предвидено е просторот дополнително партерно да се уреди, да се озелени, да се постави нова урбана опрема како и рампа која ќе овозможи движење на лицата со инвалидност.