ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЛАВЧО ЧАДИЕВ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА МИЛЕ ПОП ЈОРДАНОВ ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 112 ГОДИНИ ОД НЕГОВАТА СМРТ

Во рамките на одбележувањето на 112 години од смртта на истакнатиот македонски револуционер Миле Поп Јорданов, градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев, положи букет цвеќе на неговиот гроб кој се наоѓа во цркава Св. Вмч Пантелејмон. Миле Поп Јорданов (1877-1901) остана запишан во македонската историја како револуционер, член на ТМРО и учител школуван во Духовната семинарија во Цариград.

Потекнува од семејство на револуционери и претставници на македонската авангарда. Негови браќа се гемиџијата Јордан Поп Јорданов - Орцето и Петар Поп Јорданов.Како член на револуционерната организација, дејствувал во реонската чета во Радовишко. Миле Поп Јорданов загинал во 1901–та година во близина на Велес. При заседа за да не падне жив во рацете на непријателот, Поп Јорданов се самоубива. Неговата трагична смрт е опеана во народната песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ која е официјална химна на Општина Велес.