Започна реконструкцијата на уличното осветлување

Започна предвидената реконструкција на уличното осветлување во Општина Велес. Проектот предвидува замена на 2915 живини светилки (154 улици во градот и во 25 рурални населби). Исто така ќе се заменат 445 живини светилки со 340 натриумови на постоечките канделабри во градот. Вкупната вредност на овој зафат ќе биде 17.703.068 денари, средства обезбедени со заем кај Светската банка. Изведувач е фирмата „Свем Инжинеринг” од Скопје. Градоначалникот Славчо Чадиев денес од улицата Белградска каде што се одвиваат работите за реконструкција на уличното осветлување ги образложи целите и деталите на целокпупниот проект.

 Со него се предвидува: целосно осветлување на сите улици, паркинзи и јавни простори на територијата на општината; употреба на енергетски ефикасни светилки; зголемување на работни часови на светилки од 4.000 до 12.000; заштеди во потрошената енергија. Најзначајно во целата работа е што враќањето на инвестицијата е за 4.5 години, пресметано според заштедата на електрична енергија од новите светилки.