„Општина Велес работи до последниот ден од годината“ - реакција на градоначалникот на Општина Велес
Ако за СДСМ годината завршува на 25 декември, тоа е нивен проблем. Општина Велес работи до последниот ден од годината. Општина Велес во моментов нема долг спрема никого, а особено не кон спортските клубови. Планираните средства во целост им се исплатени, и тие веќе можат да ги користат. Општината работи транспарентно, одговорно и отчетно се до последниот ден во годината. Ако за за СДСМ годината завршува на 25 декември, тоа е нивен проблем. Зависи кој колку навикнал да работи. За изнесените невистини најмалку од се што треба да направи СДСМ е да се извини како на спортските клубови и работници од градот така и на локалната самоуправа.
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес