Секој вторник бесплатен превоз за велешките пензионери
Од 31 декевмри пензионерите од Општина Велес бесплатно секој вторник ќе се возат во градот преку избраниот превозник „Пан-Промет. Градоначалникот на Општина Велес пред новогодишните и божиќните празници оваа одлука лично им ја соопшти на пензионерите во просториите на здружението. Возилата редовно секој вторник од 08.00 и 09.00 часот ќе поаѓаат од населбата Превалец и ќе се движат по автобуските постројки се до градскиот пазар. Враќањето е планирано во 10.00 и 11.00 часот од пред зградата на поранешна „Малина”.
Општина Велес е една од ретките во РМ што има Стратегија за стари лица. Во рамките на овој стратешки документ веќе се реализира проектот Грижа за стари лица во домашни услови, а од утре стартува и нова поволност за нашите најстари сограѓани.