ЈПССО „Парк-Спорт“ доби нов котел за затоплување

Деновиве се отвора ново поглавје во работењето на ЈП ЈПССО „Парк-Спорт“. Иако мала инвестиција, сепак од огромно значење, затоа што се отпочнува еден голем проект кој ќе има за цел во наредниот период да ја постигне главната цел, а тоа загревањето на спортската сала Гемиџии.  Топловодните котли кои се инсталирани во спортската сала се од самата изградба на објектот односно 1980-1981 година, и истите како куриозитет ниту во еден момент не биле ставени во функција. Досегашните котли се неефикасни бидејќи работат на јаглен, имаат голема загуба на енергија и се предимензионирани за потребите на спортскиот објекти.

Во понатамошниот период ќе се разгледаат сите опции за нивното третирање. Со најновата набавка на котелот за затоплување ќе се остварат неколку придобивки. Ќе се овозможи затолување на административните канцеларии, СГС Партизан, Аеробик салата и планираната теретана како и водата за туширање во соблекувалните. Исто така можност да се приклучат на новиот топловоден систем ќе имаат ресторантот, игротеката и пивницата кои функционираат во склоп на спортската сала. Она што е интересно е тоа што овој котел е приспособлив да работи на дрва, пелети, нафта и гас.

Директорот на ЈПССО „Парк-Спорт“, Александар Табаков денес, заедно со градоначалникот, Славчо Чадиев, претседателот на советот, Александар Колев и заменик-градоначалникот, Горан Јовиќ присуствуваа на поставувањето на новиот парен котел во салата.