Новогодишна свеченост на Општина Велес

Во салата „Бели Мугри“ денес се одржа традиционалната Новогодишна свеченост на Општина Велес. Најуспешните поединци за 2013 година и овојпат беа во фокусот на вниманието. Присутните гости во салата од името на Општина Велес ги поздрави Градоначалникот Славчо Чадиев кој упати благодарност на сите поединци, организации, институции, заедници и медиуми кои се вградија во успешните проекти и активности на општината во годината што изминува.

 

„Чест ми е и големо задоволство што стојам пред Вас, пред моите сограѓани, пријатели, соработници, на крајот на оваа календарска година, прва во мојот градоначалнички мандат. Иако мандатот го започнав пред неполни 9 месеци со гордост можам да кажам дека работите се одвиваат токму така како што ветив, така како што посакував, со интензивна динамика, со видливи резултати и со успех каков што мојот град и граѓаните го заслужуваат.“, истакна меѓу другото градоначалникот Чадиев кој им ги врачи признанијата на најуспешните поединци за 2013 година.

• Тони Арсовски – полициски службеник при СВР- Велес, вработен во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Велес
• Бошко Петрушевски - пожарникар во Територијалната противпожарна единица во Општина Велес
• Киро Цветков – хуманист, крводарител, активист на Општинската организација на Црвениот крст
• Ристе Јорданов - најдобар работник во ЈКП „Дервен
• Ангелче Мишков – занаетчија, пирограф, изработувач на уметнички ракотворби
• Игор Јакимовски - индивидуален земјоделец

 Новогодишната свеченост беше повод да се промовираат и новите стипендисти на Општина Велес. Тоа се средношколците:
• Ирена Христова, III година, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“
• Кристијан Милошевиќ, IV година, ОСУ „Јовче Тесличков“
• Никола Танев, IV година, ССОУ „Коле Неделковски“
• Игор Кузмановски, III година, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“
• Љупче Петровски, III година, ССОУ „Димитрија Чуповски“
• Тасева Емилија, IV година, ССОУ „Димитрија Чуповски“
• Марија Ртоска, IV година, ССОУ „Димитрија Чуповски“
• Бобан Ѓорѓиевски, III година, ССОУ „Коле Неделковски“
И студентите:
• Страхил Тодоров, Универзитет „Гоце Делчев“-Штип-медицински науки
• Лидија Лазовска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ дизајн и технологија на мебел-Скопје
• Александра Тодорова, Универзитет „Гоце Делчев“-Штип-медицински науки
• Емилија Лазарова, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ филолошки факилтет-Скопје
• Елизабета Атанаскова, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ фармација-Скопје
• Александра Давитковска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ економски факултет-Скопје
• Исмаил Мирсада, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола тех.технолошки –Велес
• Спасиќ Македонка, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола-факултет за безбедност

Ним наградите им ги додели претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев кој воедно им честиташе на стипендијантите за успехот порачувајќи им тоа да претставува сатисфакција за уште поголеми резултати. Посебно доживување на Новогодишната свеченост во салата „Бели Мугри“ беше настапот на членовите на младинскиот црковен хор „Св.Кирил и Методиј” под диригентство на Веселинка Маџарова. Вистинска увертира во празничното расположение за Новогодишните и Божиќните празници овозможи и кларинетистот Благој Ламјов. Со изведбата на „Рамното велешко оро“ Ламјов уште една докажа дека Велес и Македонија се неисцрпна ризница со посебен културен идентитет и вредности.