Градоначалникот ги посети дежурните служби
Пред почетокот на новата година, градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев ги посети дежурните служби кои за време на новогодишната нож беа активни и се грижеа за безбедноста на граќаните. Тој во новогодишната ноќ ги посети Територијалната противпожарна единица, Полициската станица, Службата што ја обезбедува Општинската зграда, Центарот за управување со кризи и Брзата помош.Градоначалникот Чадиев честитајќи им ја новата година на дежурните вработени во овие служби, им се заблагодари за нивната професионалност и ангажираност во секое време од годината.