Велес две минути по полноќ го доби новиот жител

Градоначалникот Славчо Чадиев, традиционално го посети првороденчето во 2014 година и лично и честиташе на мајката која го доби најубавиот новогодишен подарок. Велешанката Зорица Николовска на свет донесе здраво женско дете. Тоа е трета рожба на семејството Николови. Првото бебе, тешко 3480 гр. стигна на свет две минути по полноќ од новата година. Градоначалникот Чадиев на првото новороденче му посака добро здравје и безгрижно детство исполнето со радости. На среќната мајка и врачи пригодни подароци.