Претседателот Иванов ги посети војниците од велешкиот гарнизон
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Горанчо Котески, на првиот ден од новата 2014 година, ги посети припадниците на АРМ во касарната „Алексо Демниевски – Бауман" во Велес.Честитајки им ја новата година од името на граѓаните на Република Македонија, претседателот Иванов искажа огромна благодарност за сето она што го прават за Република Македонија обавувајки ги своите обврски.
Врховниот командант Ѓорге Иванов, началникот на Генералштабот Горанчо Котески, градоначалникот Славчо Чадиев, претседателот на Советот Александар Колев и останатите гости, првојануарскиот ручек го помина заедо со војниците од касарната „Алекса Демниевски - Бауман" на кои Иванов им подари телевизор.