Христовото рождество - Божиќ
Почитувани,
Со желби за мир, спокојство, радост и разбирање, Во името на Советот на Општина Велес, во името на граѓаните на Општина Велес и во мое лично име, дозволете да Ви го честитам големиот христијански празник, Христовото рождество - Божиќ. Божиќ е семеен празник кој не потсетува на вредностите на кој не упати нашиот Бог, на потребата да се почитуваме и помагаме, сакаме и разбираме, и да правиме добри дела кон нашите блиски.
Бидете благословени и нека е честит големиот христијански празник!
Христос се роди!
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес