ООУ „Блаже Конески“ доби нов парен котел
На првиот ден од второто полугодие оваа учебна година, во ООУ „Блаже Конески” профукнционира новиот парен котел. По завршувањето на активностите за негово монтирање кои траеја околу 2 месеца, денес градоначалникот Славчо Чадиев и директорот на училиштето Љупчо Николовски, новиот котел го ставија во функција. Вкупната вредност на проектот е околу 2 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Велес. Оваа инвестиција се постави како врвен приоритет во образованието затоа што системот за затоплување на училишната зграда воведен уште при изградбата досега воопшто не е реконструиран. Со ова уште еднаш се покажуваат заложбите на Локалната самоуправа за инвестирање во образованието како главен приоритет.