Состанок со претседателите на заедниците на сопственици
Во Општина Велес денес се одржа работен состанок со претседателите на заедниците на сопственици од станбените згради во градот. На состанокот на кој присуствуваа градоначалникот Славчо Чадиев, претседателот на Советот Александар Колев и стручни служби од локалната самоуправа беше разговарано по однос на многу актуелни теми и проблематики со кои тие се соочуваат во нивното функционирање. Посебен акцент се стави на состојбата со хидрантските сандачиња и противпожарните скали во зградите, чијашто исправност е обврска за заедниците на сопственици од станбените згради.
Од страна на присутните беше изразено задоволство од средбата со првите луѓе и службите од општината, со надеж дека ваквата соработка ќе продолжи и ќе се интензивира во иднина, во насока на подобро решавање на сите отворени прашања.